Кузеска: Заев вчера го инволвира Мицкоски во важните државни процеси, за да почне да соработува како опозиција

од Nikola Popovski

„Вчерашниот договор може да се оцени како добар и успешен, но во наредниот период ќе треба да се внимава и да се исполнат сите точки кои беа договорени на средбата. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера направи се за да го инволвира Христијан Мицкоски во важните процеси во државата, да се ослободи од стегите на режимската матрица и да почне да соработува како опозиција“, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, целта е да се одржи пописот, бидејќи отребна е реална слика да се скенира државата со тоа што го има, да се соберат што повеќе податоци, за потоа да се креираат мудри, паметни политики, да се креира буџетот согласно сликата што ќе се добие од пописот.

„Опозицијата зборува за некаков триумф, но ова е триумф на граѓаните. Вчера се покажа контрастот на едно друго време, кога се газеше опозицијата и беше незамислив дијалог меѓу власта и опозицијата, а сега дијалогот е со опозицијата и дијалогот меѓу партиите е секако демократски стандард на земја членка на НАТО и земја членка која што се стреми кон полноправно членство на ЕУ“, порача Кузеска.

Претседателот на државата Стево Пендаровски денес изјави дека го поддржува договорот Заев – Мицкоски за одложување на пописот за септември и дека одложувањето не повредува никого.

Власта тврди дека пописот ќе биде одложен утре, а претседателот на Собранието Талат Џафери предупредува дека можеби ќе треба повеќе време.

Слични содржини