Кузевска: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Ниту една партија во светот за време на пандемија не се однесува толку неодговорно, деструктивно и опасно по здравје, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ. Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ одмага и ја поткопува борбата против Ковид 19“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажеа дека немало доволно тестови за коронавирус лажеа дека наводно Министерството за здравство не ги контролирало кластерите низ државата. Лажеа дека немало никакви протоколи за лечење на пациенти заболени од Ковид 19, па дури и дека нестручни лекари ги третирале пациентите.

И сите овие лаги, конструкции и манипулации, ВМРО ДПМНЕ ги ширеше додека нивните луѓе ги кршеа мерките за заштита, на чело со Мицкоски кој затвораше кафани, за време на пандемија, а нивниот министер за внатрешни работи во преодната влада, Наќе Чулев со цел да се додвори на граѓаните, велеше дека нема да казнува за неносење заштитни маски.

ВМРО ДПМНЕ никогаш не ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19“, посочува таа.

Слични содржини