Квалификации за СП 2020 одложени за следната година

од Vladimir Zorba

Азиските квалификации за Светскиот куп во Катар беа одложени за следната година поради пандемијата на коронавирус.

Квалификациите требаше да се играат во октомври и ноември, но беа одложени за една година заради состојбата со пандемијата во многу земји.

Ова е втор пат квалификациите да бидат одложени, откако претходно беа закажани за март и април.

Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и ФИФА издадоа заедничка изјава во која се вели дека тие ќе продолжат тесно да соработуваат заедно за зачувување на здравјето на сите учесници.

Азиската Лига на шампиони треба да продолжи на 14 септември, а натпреварувањето е поделено на два дела, источно, кое ќе се игра во Малезија и западно – во Катар.

Слични содржини