Квентин Тарантино станува татко за првпат на 56 години

од Vladimir Zorba

Тој и неговата сопруга Даниела Пик чекаат бебе.

Фото: Ројтерс

Квентин Тарантино (56) за прв пат ќе стане татко, откако објави дека тој и неговата сопруга Даниела Пик очекуваат бебе.

Тарантино и Даниела Пик се венчаа кон крајот на минатата година. Тие се познаваат уште од 2009 година, но нивната врска започна само во 2016 година.

Квентин Тарантино неодамна ја нарече својата сопруга „совршената девојка“. 

„Се оженив пред шест месеци. Јас не го сторив тоа порано и веќе знам зошто – чекав за совршената девојка“.

Претходно, режисерот рече дека го запоставил неговиот семеен живот, бидејќи тој работел премногу. 

“Кога правам филм, не правам ништо друго. Јас немам сопруга. Немам дете. Тоа не ме спречува. Не велам дека нема да се оженам или ќе имам дете пред 60 години. Но, за сега го направив изборот да одам сам овој пат. Затоа што сега е моето време. Сега е моето време да правам филмови “.

Даниела Пик има 35 години и се појавува како манекенка и пејачка. Таа е ќерка на израелскиот пејач Цвик Пик.

Слични содржини