„Л’Екип“: Зидан се враќа во клубот каде стана играч од светска класа!

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, најверојатно ќе го напушти тој фудбалски клуб и ќе го преземе Јувентус, објави денес „Л’Екип“.

Зидан оваа недела ќе се сретне со претседателот на Реал, Флорентино Перез, по што може да се објави дека францускиот тренер ќе си замине.

Реал нема освоено ниту еден трофеј оваа сезона, првпат по сезоната 2009/2010.

Поранешниот играч на Јувентус, Зидан, минатата недела изјави дека „на Реал ќе му било подобро без него“.

Јувентус оваа сезона ги освои Купот на Италија и Суперкупот со тренерот Андреа Пирло и едвај во последното коло од Серија А обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми веќе со недели шпекулираат дека Пирло ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.

Слични содржини