L’Equipe: Нејмар го напушта ПСЖ

од Vladimir Zorba

Бразилецот Нејмар најверојатно од следната сезона нема да биде член на Пари Сен Жермен, пишува француски L’Equipe.

Напаѓачот дојде во редовите на парижаните во 2017 година за рекордни 222 милиони евра. Челниците на ПСЖ сметаа дека тоа е најважниот чекор кон освојување на Лигата на шампионите.

Сепак, ПСЖ се уште не е сопственик на најважниот трофеј во европскиот фудбал, а како еден од главните виновници е посочен Нејмар. Неодамна, по елиминацијата од Реал Мадрид, доби жестоки свирежи од навивачите, кои му замеруваат што не се трудел доволно.

„Сопствениците од Катар се незадоволни. Не им се допаѓа начинот на живот на Нејмар. Впечаток е дека повеќе мисли на забави отколку на фудбал. Тој го претпочита Париз како град отколку Пари Сен Жермен“, велат од L’Equipe.

Прашање е каде Нејмар ќе ја продолжи кариерата. Најголем проблем се неговите огромни приходи и има мал број на клубови кои можат да го преземат тој товар.

Слични содржини