Лабуристите против договорот на Џонсон за Брегзит

од Vladimir Zorba

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави денеска дека неговата опозициска партија нема да го поддржи договорот на премиерот Борис Џонсон за Брегзит, ниту неговиот временски распоред за усвојување на законот за Брегзит во Парламентот.

– Мое мислење е дека треба да гласаме против овој предлог вечерва, рече Корбин на почетокот на парламентарната расправа за одобрување на закон што ќе и овозможи на Велика Британија да ја напушти Европската унија со постигнат договор на 31 октомври.

Тој исто така додаде дека неговата партија ќе се спротивстави на таканаречениот програмски предлог, со кој се утврдува краен рок парламентот да усвои закон за Брегзит.

Слични содржини