Ладна пудинг торта со ролери

од desk2

Вкусен, ладен и лесен десерт во три бои…

СОСТОЈКИ:
1 пудинг од ванила
1 пудинг од јагоди
1 пудинг од чоколадо
3 лажици густин
12 лажици шеќер
1,5 л млеко
180 гр маргарин
400-450 гр ролери по избор
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Зовријте 400 мл млеко, во останатите 100 мл разматете пудинг, лажица густин и четири лажици шеќер. Згответе во зовриеното млеко и кога ќе згусне тргнете од шпорет и измешајте 60 гр маргарин.
Веднаш ставете во влажна чинија, тепсија или пластичен сад. Оставете неколку минути да фати кора, наредете ролери и прелијте со вториот пудинг, па така додека не го потрошите материјалот. Останатите вкусови пудинг гответе ги како и првиот.
Тортата оставете ја добро да се излади, па свртете ја на голема тацна, исечете и послужете.
Уживајте!

Слични содржини