Лагард: Централните банки и владите спречија катастрофа во економијата

од Vladimir Zorba

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави денес дека политиките преземени од централните банки и владите ширум светот за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот спречиле „катастрофална депресија“.

Лагард рече дека преземените мерки „го апсорбираат шокот“ предизвикан од пандемијата во економијата.

„Мерките за поддршка треба да останат на сила онолку колку што е потребно за да се избегне колапс на економијата и зголемена нееднаквост. Сепак, мора да ги препознаеме постојаните промени што се случуваат и, за да го извлечеме максимумот од нив, да започнеме со трансформација на економијата сега, рече Лагард на економски форум.

Таа истакна дека мерките за фискална политика мора да останат на сила.

„Во спротивно, ризикуваме хистерија на пазарот на трудот, непотребно губење на одржливи бизниси и зголемување на нееднаквоста“, предупреди претседателот на Европската централна банка.

Таа посочи дека економското закрепнување на еврозоната останува неизвесно заради новите бранови на инфекција со Ковид-19, што може да предизвика воведување на построги мерки за социјално дистанцирање.

Како што изјави таа, сектори како што се угостителство, храна и транспорт може да бидат загрозени, а во еврозоната, подвлече таа, тие сектори создадоа скоро една петтина од работните места од 2013 година.

„Значи, не само што треба да ги заштитиме постојните бизниси, туку исто така мора да создадеме и нови, кои одразуваат нови модели на побарувачка по пандемијата“, рече Лагард.

loading...

Слични содржини