Лајчак разговараше со Штајнмаер за Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска разговараше за Западен Балкан со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

„Благодарен сум за уште една можност да се сретнам со германскиот претседател Штајнмаер и да имаме инспиративен разговор за Западен Балкан и пошироко“, напиша Лајчак на Твитер со фотографија од средбата со германскиот претседател во Берлин.

Лајчак синоќа во Берлин разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти на неформална вечера организирана од германската влада.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно одвоено се сретна со Курти, Вучиќ и Лајчак.

Во пресрет на вечерата, Вучиќ, Курти и Лајчак разговараа со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и еден од советниците на Шолц.

Слични содржини