Љајиќ тешко повреден во сообраќајна незгода – едно лице починато

од Маја Анчевска

Автомобилот „шкода суперб“ во кој се наоѓал со Расим Љајиќ, претседател на Социјалдемократската партија на Србија и основач на Демократската партија Санџак, како и поранешен потпретседател во Владата на Србиј, излетал од автопатот кај Ражањ во јужна Србија, ја пробил заштитната ограда и се превртел на покривот, објави Нова.рс.

Од оваа сообраќајна несреќа на лице место починал Бранко Гогиќ, претседателот на ИО на СДПС.

Причината за сообраќајната несреќа, како и сите околности кои довеле до неа, се уште се утврдуваат.

Како што дознава Нова.рс, Расим Љајиќ се здобил со тешки повреди и е згрижен во Клиничкиот центар во Ниш, а моментално се наоѓа во шок соба.

За оваа сообраќајка се огласи и од МУП, потврдувајќи дека се случила околу 09.00 часот.

На лице место на повредите им подлегнал неговиот сопатник Богдан Гогиќ, претседател на ИО на СДПС.

Директорот на Ургентниот центар во Ниш проф. Д-р Драган Димиќ за „Новости“ изјави дека Расим Љајиќ пред помалку од половина час бил примен во Ургентниот центар и неговата состојба се набљудува.

„Ќе направиме КТ скен на цело тело за да видиме дали има сериозни повреди, на прв поглед нема индикации дека ќе има потреба од хируршка интервенција.  Изгледа како да не е тешко повреден, но деталите за неговата состојба ќе се знаат за околу еден час“, изјави проф. д-р Димиќ за „Новости“.

Слични содржини