Лајка: За 6 месеци, заловени 399 бездомни кучиња

од Nikola Popovski

„Изминатите шест месеци направиме значаен исчекор во хуманиот третман и благосостојбата на бездомните кучиња од улиците на Град Скопје . Со намалување на нивната популација и градење култура за вдомување, преку подигнување на свеста за одговорно сопствеништво и низа кампањи, успешно ја остваруваме нашата мисија“, соопштија од ЈП Лајка.

Според нив, во насока на досегашната успешна работа и понатаму продолжуваат со ова темпо и им овозможуваат на граѓаните сервис кој до сега го немале.

„Градењето на меѓусебната соработка и доверба е процес кој го поставивме на здрави темели и во иднина очекуваме дека ќе бидеме појдовна мисла на секој еден граѓанин, кога ќе најде куче на кое му е потребна помош“, велат од Лајка, додавајќи дека досега, заловени се вкупно 399 бездомни кучиња.

„Вратени на локација се 223 кучиња, извршени се 184 стерилизации, 160 се кастрирани, 74 вдомени, 20 се вратени на сопствениците. Додека пак, еутанизирани се три и две кучиња се угинати. Со заловување на кучиња ЈП Лајка започна на 17.11.2021. Кучињата се заловени по пријави на граѓани, по Акциски план на ЈП Лајка и по пријави од Агенцијата за храна и ветеринарство“, велат од Лајка.

Слични содржини