Лалана се сели во Италија?

од Nikola Popovski

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, може да се пресели во Италија.

Според новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, Николо Скира, Лацио е заинтересиран за 31-годишниот играч од средниот ред, кој има намера да го потпише Англичанецот како слободен агент во текот на летото.

Исто така, Лестер продолжува да го следи Лалана со кого има започнато преговори за соработка.

Оваа сезона, Лалана настапи на 13 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Слични содржини