Лам: Нема да попуштиме пред барањата за политички отстапки

од Aleksandar Petrovski

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека нејзината администрација нема да штеди напори да ги заврши антивладините протести кои го потресуваат градот повеќе од пет месеци.

Лам изјави дека не сака да влегува во детали, но нејзините коментари потттикнуваат нагаѓања дека ќе преземе остри законски и полициски мерки, пренесуават американските медиуми.

Таа, исто така, кажа дека нема да попушти пред барањата на демонстрантите за политички отстапки.

Доколку се уште постои размислување дека со ескалација на насилството ќе се изврши притисок за задоволување на таканаречените политички барања, јас јасно и гласно тврдам дека „тоа нема да се случи“, изјави Лам.

Слични содржини