Ламбада сој: Гаф на хрватска водителка

од Stefanija Kuzmanovska

Водителката на ХРТ, Ана Главан Будија, во утринската програма го нарече новиот вид на коронавирус „ламбада сој“.

Водителката на ХРТ, Ана Главан Будија направи гаф во шоуто. Имено, таа во утринската програма на јавната телевизија го нарече новиот вид на коронавирус „ламбада сој“.

„Бројот на нови случаи предизвикани претежно од делта сојот на вирусот расте, но се повеќе се споменува и ламбада сојот, кој првпат беше откриен минатата година во земјите на Јужна Америка“, рече водителката.

Секако, што се однесува до ламбада сојот, станува збор за ламбда варијантата.

Слични содржини