Lamborghini Countach 25th Anniversary Edition може да се продаде за милион долари

од Vladimir Zorba

Countach долго време ги фасцинира ентузијастите на автомобили благодарение на неговиот „вонземски“ дизајн и извонредните перформанси, а сега фантастичен примерок се продава на аукција.

Станува збор за моделот Lamborghini Countach 25th Anniversary Edition од 1990 година, односно последниот во кој се произведуваше, а има поминато само 249 километри. Истиот е испорачан на компанијата „Кларк мотор“ во Охајо, каде ќе биде ставен на аукција овој месец.

Автомобилот првично беше продаден на лекар од Детроит со поминати 138 километри, што значи дека поминал само 131 километар откако пристигнал во „приватни раце“. Од тоа, 20 километри може да му се препишат на дистрибутерот кој го чувал во прозор во периодот од 2010 до 2020 година, а се возел само на кратки растојанија за да се провери исправноста.

Ова Lamborghini е толку оригинално што сè уште ги има гумите Pirelli P Zero со кои беше испорачан пред 33 години.

Без сомнение, тој е меѓу оние кој поминал најмалку километри.

Автомобилот е обоен во металик црна боја, додека внатрешноста е обложена со кожа. Countach доаѓа со целата придружна документација, па дури и фактура од 275.000 долари. Денешната вредност би била 615.762 долари, но се очекува новиот сопственик да издвои помеѓу 750.000 и 1.000.000 долари.

Слични содржини