Lamborghini со три новитети до крајот на оваа година

од Vladimir Zorba

Lamborghini до крајот на оваа година ќе претстави три новитети, а еден од нив ќе биде промовиран во текот на овој месец.

Сега пристигна најавата за новата верзија на Urus, која Lamborghini ја најавува со слоганот: „Перформансите достигнуваат нова димензија“.

Засега нема детали, но се очекува дека тоа би можело да биде или Urus Evo или Urus PHEV.

Urus Evo беше „уловен“ на тестови порано, со поголеми отвори за воздух и спојлер на покривот (се очекува и поголема моќност), додека Urus PHEV подразбира plug-in хибриден погонски систем.

Слични содржини