Лампард искрен: Сами сме си криви

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Франк Лампард, вели дека неговиот тим не бил доволно добар за да го освои трофејот од ФА Купот.

„Започнавме добро, 10-15 минути и ние сме виновни за сè што се случи подоцна. Ние им дозволуваме да се вратат во игра. Бевме бавни, повлечени … Не бевме добри за да го освоиме финалето“, рече Лампард. .

Челси поведе со гол на Крстијан Пулишиќ во петтата минута, а Пјер-Емерик Обамејанг донесе триумф на Арсенал со голови во 28-та од пенал и 67-та минута.

Покрај тоа, екипата на Лампард играше со десет фудбалери од 73. минута поради вториот жолт картон на Матео Ковачиќ.

„Тоа беше пенал, немам дилема, но не можам да се согласам со одлуката на судијата да го исклучи Матео“, додаде стратегот на Челси.

Слични содржини