Актуелно
Почетна / Спорт / Лампард за Кавани: Не сум целосно свесен за ситуацијата, ќе видиме

Лампард за Кавани: Не сум целосно свесен за ситуацијата, ќе видиме

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард е склон да привлече искусен фудбалер во овој трансфер прозорец и англиските медиуми ова го толкуваат како интерес за Единсон Кавани. 32-годишниот Уругваец изрази желба да го напушти Пари Сен Жермен по 6 години во клубот и „сините“ се чини дека се најсериозен кандидат за неговиот потпис.

„Тој е одличен фудбалер. Играв против него и секогаш ми се допаѓало неговото однесување на теренот, а постигнатите голови зборуваат сами за неговиот талент. Сепак, јас не сум целосно свесен за ситуацијата во моментот, ќе видиме“, рече тој.

Оваа сезона, Тами Абрахам и Мејсон Монт се водечки фигури во нападот на Челзи, чија забрана за трансфер падна на 1 јануари.

„Имаме млад тим и знаеме дека треба нешто повеќе. Идејата за привлекување искусни играчи е секако добра и јас нема да бегам од тоа. Понекогаш на младите им треба само малку помош“, додаде Лампард.

loading...