„Лансет“ ги повика Американците да гласаат за промена

од Stefanija Kuzmanovska

Медицинското списание „Лансет“ денеска ги повика Американците да гласаат за промена на 3 ноември, објавувајќи едиторијал во кој одговорот на претседателот Доналд Трамп на пандемијата на коронавирусот се нарекува „катастрофа“.

Медицинското списание не го поддржа експлицитно кандидатот на демократите Џо Бајден во својот коментар, туку се фокусираше на прашањето што ги спречи САД „соодветно да одговорат на најголемата здравствена криза на векот“, пренесува Хина.

Во текстот се зборува за „загрозената мрежа на социјално осигурување, континуираната ерозија на довербата во јавниот сектор, перцепираното намалување на одговорноста на федералната влада и политичкото мешање во клучното тело за јавно здравје во земјата“, Агенцијата за контрола и превенција на болести.

Тоа „кулминираше со катастрофален американски одговор на пандемијата на коронавирусот“, се вели во текстот.

Управувањето со пандемијата на Трамп е клучна тема на изборната кампања, каде претседателот е обвинет за поткопување на научните институции и ширење лажни информации.

„Лансет“ наведува дека Америка се соочува со постојана девалвација на науката и потсетува дека администрацијата на Трамп се повлече од неколку меѓународни договори и агенции, вклучително и Светската здравствена организација (СЗО).

„Со толку многу загуби и уште толку многу на коцка, претседателските избори во 2020 година се добар момент за гласачкото тело во САД да се насочи кон промените на подобро“, се вели во текстот.

loading...

Слични содржини