Лапорта: Фудбалерите на ПСЖ стануваат робови за пари

од Vladimir Zorba

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е незадоволен од трансфер политиката на Пари Сен Жермен. Клубот веќе им ги украде на Шпанците Нејмар и Лионел Меси, а деновиве му зададе удар на Реал Мадрид во случајот со Килијан Мбапе.

„Фудбалерите кои отидоа таму со долгорочни договори се согласуваат да станат робови. За пари“, изјави газдата во интервју за каталонскиот весник L’Esportiu.

„Нејмар е таков – има договор за уште 4-5 години – додаде Лапорта. „Кој не го сака овде? Тој е исклучителен, но сите овие играчи како него, кои еден ден би сакале да се вратат во Барса, мора да го сторат тоа како слободни играчи“.

„Истото важи и за Меси. Сите сакавме тој да ја заврши спортската кариера кај нас. Но, тоа беше невозможно поради правилата на финансискиот фер-плеј и поради понудата на ПСЖ до него. Зад овој клуб стои цела земја (Катар) и таму имаат многу пари“, додаде претседателот на „блаугранас“.

„Новиот договор на Мбапе го „искривува“ пазарот. На крајот играчите се „киднапирани“ за откуп. Сето тоа е спротивно на принципите на Европската унија“, незадоволен е Лапорта.

Слични содржини