Лапорта: Можно е Меси и Иниеста да се вратат во Барселона

од Nikola Popovski

Жоан Лапорта во средата на „Камп Ноу“ го претстави Дани Алвеш пред повеќе од 10.000 навивачи на Барселона.

Претседателот му посака добредојде на Бразилецот назад на местото каде што го доби неговото име и му помогна на клубот да освои повеќе титули.

„Ти благодарам што се врати“, му кажа Лапорта на Дани Алвес.

Потоа продолжи со емотивен тон да ѝ се обраќа на легендата на Барселона.

„Ќе го направиме тоа повторно, Дани. Ова е ден полн со емоции кој се повторува како кога првпат пристигна во клубот“, изјави Лапорта.

Тој ги потсети присутните и на големината на Алвеш.

„Тој е играчот со најмногу титули во историјата. Ми кажа дека сака да се врати и да му помогне на овој тим што се формира. Тој е физички надарен. Се сеќавам дека првиот пат кога дојде овде ми кажа дека кога бил мал пешачел или трчал 20 милји за да стигне до училиште. Тој е човек кој сака да се натпреварува и тоа го пренесува на тимот“.

Лапорта потоа ја разгоре фантазијата на навивачите откривајќи околу враќањето на Андрес Иниеста или Лео Меси, па дури и на двајцата не е невозможно.

„Не го исклучувам тоа“, рече Лапорта.

Тој ја посочи важноста на двајцата за Барселона.

„Тоа се луѓето кои го направија овој клуб голем. Меси и Иниеста се спектакуларни, не можам да ја предвидам иднината, бидејќи тие се уште играат, но го направија клубот голем, секогаш ги имаме на ум, иако сега имаат договори со други клубови и тоа мора да го почитувате, но во животот никогаш не се знае“, истакнал претседателот на Барса.

Слични содржини