Лаптопите се донација од Швајцарија и не се за пратениците, велат од Собрание

од Aleksandar Petrovski

Набавката на 100 преносни компјутери со вредност од речиси 1.000 евра по лаптоп не се од буџетски пари, туку се донација и не се за пратениците, туку за собраниските служби, велат за Плусинфо од Собранието откако во јавноста се крена врева дека Собранието набавува скапи лаптопи во време кога ученици немаат уреди за следење онлајн настава.

– Набавката на преносните компјутери се дел од програмата за поддршка на Собранието од Швајцарија. Тие се донација и за нив нема да се потрошат буџетски пари. Во цената на лаптопите не е вклучено ДДВ, бидејќи тие се донација. Пратениците имаат лаптопи и ним им следуваат од буџетски пари. Лаптопите се за службите во Собранието – велат од Собранието.

Слични содржини