Ласер Ран Скопје 2022

од Vladimir Zorba

ООУ „Лазо Ангеловски“ – општина Аеродром, ќе биде домаќин на првиот „Ласер Ран“ настан во Македонија, кој ќе се одржи на 02.12.2022 година (петок), со почеток во 10:00 часот во Спортскиот центар „Марко Божиновски“. На настанот ќе учествуваат 150 ученици од училиштето, на возраст од 9 до 14 години, кои ќе се натпреваруваат во трчање и ласерско пукање.

Ова е прв настан во нашата држава што вклучува ваква комбинација на спортови, кои се дел од модерниот пентатлон. Оваа атлетска дисциплина која постои уште од античко време и е основа на Олимписките игри, денес опфаќа пет спорта – трчање, пукање, пливање, мечување и јавање.

„Ласер Ран Скопје 2022“ е во организација на „Модерен Пентатлон, асоцијација на РСМ“, заедно со Македонски Олимписки Комитет. Асоцијацијата на Модерен Пентатлон е регистрирана во 2019 година, но поради корона вирусот, активно почнува со работа оваа година, токму со организација на настанот „Ласер Ран Скопје 2022“.

Спортските активности се постојано дел од програмата на ООУ „Лазо Ангеловски“ со цел да го развиваат натпреварувачкиот и фер-плеј дух кај младите, но и да го овозможат нивниот физички развој.

Слични содржини