Лашет разрешен од должноста покраински премиер на Северна Рајна-Вестфалија

од Milan1

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат на демохристијаните за канцелар Армин Лашет денес беше разрешен од функцијата премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, со цел да се фокусира на неговиот парламентарен мандат во Бундестагот.

„Ми беше голема чест да креирам политика во последните четири години што ја одведе Северна Рајна-Вестфалија напред“, рече Лашет по церемонијата на предавање на функцијата премиер на најнаселената германска федерална држава.

Лашет, кој во еден момент беше фаворит за наследник на партиската колешка Ангела Меркел на функцијата канцелар, но на парламентарните избори на 26 септември го постигна најлошиот резултат на ЦДУ досега.

Лашет (60), пренесе ДПА, најави дека ќе се повлече од функцијата премиер пред изборите во Бундестагот, дури и ако не стане следниот канцелар на Германија.

Министерот за транспорт на Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вуест, се очекува в среда да биде избран за нов премиер на специјална седница на покраинскиот парламент.

Овој 46-годишен политичар во саботата беше избран за покраински лидер на ЦДУ во Северна Рајна-Вестфалија

Слични содржини