ЛАСК е најубавата приказна во ЛЕ: Најскапиот играч 500.000 евра, стадион со 6.000 места

од Aleksandar Petrovski

Австрискиот ЛАСК од Линц во четвртокот се пласира во осминафиналето на Лига на Европа откако победи со 2:0 против Аз Алкмар и веќе денес доби гигант за противник – Манчестер Јунајтед.

Овој тим по победата над ПСВ, Розенборг и Спортинг од Лисабон оваа сезона покажа голема хемија, особено ако се знае неколку факти за него.
“Lincer atletik sports klub”, познат како ЛАСК има врно-бели дресови и долга традиција.

Основан е 1908 година и во 1965 година стана првиот клуб надвор од Виена кој го освоил австриското првенство. Но тоа им е единствената титула до сега кога имаат шанса да го повторат историскиот успех.

На социјалните мрежи социјалните мрежи по ждрепката за осминафиналето од Лига на Европа може да се видат реакциите на шокираните Англичани кои се чудат како може еден тим кој со 48 бода е прв во Австрија да ума стадион од само 6.000 места.
најскапиот играч на ЛАСК чини само половина милион евра. Марвин Поцман на местото лев бек дошол за таа сума и рекордот го држи заедно со Рене Ренер. Првиот стигнал од Рапид, вториот од Матерсбург.

Трет најскап е Петар Филиповиќ од Коњаспор (450.000), а четврти чинел трансферот на Хусеин Балиќ (300.000).

Вредноста на целиот тим е нешто преку 31,2 милиони евра и ЛАСК затоа е едно од најголемите и најпријатните изненадувања.

Мечевите со Манчестер Јунајтед се играат на 12. март и 19. март.

Слични содржини