Ласовска не кажа дали ќе поднесат предлог за технички министер за труд и социјална политика

од Aleksandar Todeski

Рашела Мизрахи ја разрешија зошто ги откри криминалите и неодговорното работење на кадрите на СДСМ, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на прес конференција.

„Оливер Спасовски го користи терминот Македонија. Дури и Никола Димитров, кој хистерично бараше разрешување на Мизрахи, го користи терминот Македонија. Спасовски требаше да побара разрешување на Димитров и самиот себе“, рече Ласовска.

Пратеничката вели дека на страницата на Управата за јавни приходи се уште има институции кои се со старото уставно име.

„Ситуацијата се уште се анализира“, рече Ласовска на новинарско прашање дали и кога ќе предложат нов кадар за технички министер за труд и социјална политика.

И покрај посочувањето дека е пладне, а се уште немаат поднесено предлог за Министерството за труд и социјална политика, таа само рече „ќе бидете навремено известени“.

А.Т.

Слични содржини