Last Christmas: Химна на љубовта без која е невозможно да се замисли Божиќ 

од Stefanija Kuzmanovska

Last Christmas е песна на англиското поп дуо Wham! која беше објавена во декември 1984 година. Поточно, беше издадена грамофонски плоча заедно со песната Everything She Wants, а од чија продажба Џорџ Мајкл и Ендру Риџли ги донираа сите средства за гладните во Етиопија.

Иако денес се смета за една од најпопуларните божиќни песни на сите времиња, Last Christmas не се најде на првото место на табелите во Велика Британија кога се појави пред 36 години.

Песната достигна број 1 во Данска и Шведска, а беше многу популарна во остатокот од Европа. Во Германија, на пример, се смета за најуспешен Божиќен сингл на сите времиња, поминувајќи дури 137 недели на официјалната музичка листа на GfK Entertainment.

Малкумина знаат дека Џорџ Мајкл не само што ги напиша и отпеа меланхоличните стихови на Last Christmas, туку и дека ги отсвирел сите инструменти на песната и ги продуцираше во студиото Адвисон во Лондон.

Слични содржини