Латас: Арсовска одговара пред гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја донеле на власт!

од Берта Китинска

Новинарот Драган Павловиќ Латас смета дека спорот со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, кој таа го предизвика е несакан инцидент кој е лоша постапка, бидејќи таа носи одговорност пред партијата која ја донела на таа позиција, додека повеќе од јасно е дека во тендерот во Водовод нема ништо спорно.

-Не можеш партија која те довела на власт на тој начин да и се обраќаш и да велиш „јас не одговарам“, пред партијата „одговараш“, прво одговарша пред тој што те донел, вели Латас во „Само Вистина“.

Тој посочува дека Арсовска требала да каже пред изборите дека не е партиски член, а како што вeли тој со „ВМРО-ДПМНЕ да тера партиска кампања“ .

-Таа одговара пред гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја донеле на власт, посочи Латас.

Слични содржини