Латас: Ја поздравувам економската соработка меѓу Македонија и Бугарија

од Nikola Popovski

Османи рече дека сега не се се разговара за идентитетот и јазикот и тоа е отворено за понатаму. Не е битно само Османи што кажал, битно е и бугарската страна што кажува, а таа не го затвори прашањето за јазикот и идентитетот, вели новинарот Драган Павловиќ-Латас во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, само по себе тоа не е спорно, туку времето од кога почнува идентитето и јазикот.

-За нив тоа е 1945 година, а за нас е неопределено време, најмалку негде до 15-тиот, 16-тиот век. Јас не му верувам многу на Османи, но ја поздравувам економската соработка меѓу Македонија и Бугарија. Се прашувам што се чекаше досега?, прашува Латас и додава:

-Бугарија не е многу побогата од Македонија, нема некои поголеми економски успеси, но сепак е пазар од 7 милиони луѓе со кои лесно ќе се разбереме, тврди Латас.

Слични содржини