Латас: Моите случаи се политички притисок, тоа е уште од првата моја средба со Јанева

од Viktor Jovanov

Јас сум 20 и нешто години на врв и уживам во тоа. Таму горе си секогаш сам. Јас не сум три години тргнат од камерите и уште некое време ќе биде така. Се борам со проблеми кои се предизвикани од политичка одмазда, трансферирани од СЈО кое денеска не постои, рече новинарот Драган Павловиќ Латас кој е обвинет во повеќе случаеви отворени од СЈО, а кои денеска се во рацете на ОЈО.

-Ова е војна која јас морам да ја добијам сам за да не должам никому. Кога јас ќе ја добијам, ќе видиме како понатаму. Се работи за политички притисок, тоа е од првата моја средба со Катица Јанева, во 2016 година која ми рече дека „ќе одговараш зошто ти си еден од оние што ја создавале идеологијата на власта на ВМРО-ДПМНЕ“. Кажано ми е дека можам да соработувам, да напаѓам три лица кои беа одбрани од нив. Јас нормално ги одбив, рече Латас.

Тој рече дека никој не го гони за криминал, тендери или за пари од државата и дека од сите предмети на СЈО не се за тендери и криминал туку за друго.

-Битката е тука, мое е да ја добијам. Сум добил многу битки поголеми од оваа. Не можам да ценам судии зошто мојот живот зависи од нив. Најтешко им е сега на судиите. Обвинител е прљава работа, тој станува со мисла кого ќе стави во затвор. За разлика од тоа, судијата е друга работа. Никогаш во животот не сум напишал лоши работи за судиите. Имам посебен респект кон адвокати и судии, за разлика од обвинители, кои се ловци на глави, вели Латас.

 

Слични содржини