Лавот во Будва не побегнал сам, сопствениците го пуштиле (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Малото лавче е пронајдено во Будва во четвртокот наутро, потврдила денеска полицијата во Будва.

Како што пишуваат црногорските медиуми, шестмесеченниот лав бил ослободен од приватен имот, а не побегнал, како што се пишуваше претходните денови. Иако медиумите пишуваа дека лавот е во сопственост на турски државјанин, директорот на Агенцијата за животна средина од Подгорица изјавил дека се работи за црногорски државјани, против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за нелегален шверц и чување егзотично животно.

Во потрагата по лавот учествувале дури 70 луѓе, меѓу кои спасувачки екипи, но и вработени во Агенцијата за животна средина, потоа пожарникари, експерти за африкански лавови од целиот регион, но и волонтери.

„Пред 20 дена добивме информација дека некои луѓе во Црна Гора чуваат лавови на приватен имот. Случајот веднаш го пријавивме во еколошката инспекција бидејќи е незаконски. Овие луѓе не смеат да чуваат опасни животни. Никој од нас не побара такво одобрение, а ние сме единствените кои имаме овластување да издаваме таков тип на дозвола. Но, еколошката инспекција дури на 27 јануари испратила допис до МВР, а потоа дошло до протекување информации, кои стигнале до сопственикот на лавот. Тие луѓе се исплашиле и го пуштиле да си оди, за да не го најде полицијата на нивниот имот затоа што направиле кривично дело“, изјави за Нова.рс, Милан Газдиќ, директор на Агенцијата за заштита на животната средина.

Слични содржини