Лавров: Доколку Вашингтон продолжува со ескалацијата, Москва е подготвена да преземе мерки

од Nikola Popovski

Москва е подготвена да преземе понатамошни мерки доколку САД продолжи со ескалацијата, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Сè беше кажано во нашата реакција на последните непријателски чекори на Американците. Ние ги објавивме мерките што ги презедовме и кои сè уште сме подготвени да ги преземеме доколку продолжи ескалацијата“, изјавил Лавров за телевизијата „Русија 1“.

САД воведоа нови санкции кон Русија на 15 април. На списокот со санкции се вклучени 32 лица и здруженија. Санкциите исто така забрануваат американски финансиски институции да купуваат руски државни обврзници по 14 јуни. Покрај тоа, Вашингтон објави дека протера 10 вработени во руската дипломатска мисија од земјата.

Според Министерството за надворешни работи на Русија, американската политика за санкции не одговара на интересите на луѓето од двете земји. Претходно, Русија најави реципрочни мерки за американските санкции, вклучително и протерување дипломати, забрана за влез на бројни американски официјални лица во земјата и му предложи на амбасадорот Џон Саливан да отпатува во Вашингтон на консултации.

Слични содржини