Лавров ги спореди Буча и Рачак, за САД вели имаат колонијален менталитет

од Nikola Popovski

Кога нешто е во интерес на САД, тогаш сè им е дозволено, па дури и за миг да ја бомбардираат Југославија, која е оддалечена 10.000 километри од нивниот брег, вели во интервју за „РТ“ министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Споредете ја  таа ароганција, чувството на сопствена супериорност, тоа е колонијалниот менталитет кога се ми е дозволено, а ти треба да го правиш тоа што ти го кажувам. Запомнете, САД во 1999 година одлучија дека Југославија ја загрозува нивната безбедност, иако беше оддалечена 10.000 километри од нивниот брег и во моментот ја бомбардираа“, рече Лавров, пренесува Спутник.

Тој потсети дека Кристофер Вокер, кој беше шеф на OEBS прогласил геноцид на неколку тела кои биле откриени во селото Рачак на Косово, а подоцна било откриено дека не станува збор за цивили, туку за милитанти кои се облекле во цивилна облека.

„Тоа беше направено на ист начин на 23 април во Буча, кај Киев, истата е шема и функционира, без разлика дали некого убедува или не. Тие не мораа никого да убедат, туку ја бомбардираа Југославија и формираа независно Косово, кршејќи ги сите принципи на ОEBS. Само рекоа така ќе биде“, рече Лавров.

„По референдумот на Крим порачаа дека може самопрогласување на Косово, но самопрогласување на Крим не. Сето тоа се гледа со голо око и затоа никој не поцрвенува од срам“, заклучи Лавров.

Слични содржини