Лавров: Колку повеќе Западот испраќа оружје во Украина, толку подолго ќе трае конфликтот

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека колку повеќе западните земји испраќаат оружје во Украина, толку подолго ќе трае конфликтот.

Лавров на прес-конференција за време на неговата посета на Туркменистан изјави дека Русија вчера не целела на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук, каде што загинаа најмалку 18 лица, пренесува „Ројтерс“.

Повторувајќи ја изјавата на руското Министерство за одбрана претходно денеска, Лавров на новинарите им рече дека трговскиот центар бил празен во моментот на пожарот, бидејќи Русија погодила складиште за оружје и муниција, во кое имало западно оружје, кое се наоѓало покрај трговскиот центар.

Слични содржини