Лавров: Нашите односи со ЕУ се уништени

од Stefanija Kuzmanovska

Целокупната инфраструктура на односите со Европската унија е уништена со еднострани активности на Брисел, па сега Москва нема никакви односи со таа организација, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на заедничката прес-конференција со неговиот кинески колега Ван Ји.

„Ако Европа ги прекинала тие односи, едноставно со уништување на сите механизми што се создадени многу години, а нашите партнери остануваат само одделни европски земји кои сакаат да бидат водени од нивните национални интереси, тоа веројатно доведува до побрз развој на нашите односи со Кина отколку со она што остана од односите со европските земји“, рече Лавров, кој е во официјална посета на Кина.

Шефот на руската дипломатија посочи дека „ако и кога Европската унија смета дека е целисходно да се отстрани оваа аномалија во контактите со Русија“, Москва ќе биде подготвена да ги гради односите врз основа на еднаквост, пренесува „Спутник“.

„Но, досега нема промени на Западниот фронт, ние имаме многу интензивна програма на Истокот, која секоја година станува сè побогата“, потенцира Лавров.

Во последно време, несогласувањата меѓу ЕУ и Русија се интензивираат поради ситуацијата околу Алексеј Навални. Брисел воведе нови антируски санкции, а Москва вети дека ќе одговори.

Слични содржини