Лавров: НАТО носи воена опрема во близина на границите на Русија

од Milan1

НАТО трупа воена опрема во близина на руските граници, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Во близина на нашите граници се распоредени значајни единици и борбена опрема на земјите од НАТО, вклучително и американски и британски. „Во Украина, на контактната линија во Донбас, се акумулираат се повеќе сили и ресурси со поддршка на се поголем број западни инструктори“, изјави Лавров по средбата со својот бразилски колега.

Тој, исто така, истакна дека Западот долго време ја потикнува Украина на антируски акции.

„Можам да го потврдам она што е доста добро познато: Западот долго време ја потикнува Украина и не само Украина, на антируски акции“, рече шефот на руската дипломатија, нагласувајќи дека вовлекувањето на земјите од постсоветскиот простор во НАТО е „најдобар пример за тоа“.

Слични содржини