Лавров: Нема да има обновување на претходните односи со Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Нема да има обновување на претходните односи со Западот, со кој соработката е можна само врз основа на нови принципи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција за европската безбедност, пренесе ТАСС.

Тој додава дека НАТО се вратил на приоритетите од Студената војна, бидејќи сакаат да ги држат Русите надвор од Европа, а Американците во Европа и наведува дека целата Европска унија сега е под контрола на САД, пренесува РИА Новости.

„Се сеќаваме како се создаде НАТО: кога првиот генерален секретар на алијансата, г-дин Исмеј, излезе со формулата ‘Држете ги Русите подалеку од Европа, Американците во Европа и Германците под контрола’. Она што сега се случува апсолутно значи враќање на НАТО на оние концептуални приоритети кои беа развиени пред 70 години“, рече Лавров.

Слични содржини