Лавров предупредува: Во Европа се враќа страшно сценарио за воена конфронтација

од Milan1

Кошмарното сценарио за воена конфронтација се враќа во Европа, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Архитектурата на стратешката стабилност се урива, НАТО одбива конструктивно да ги разгледа нашите предлози за деескалација на тензиите и спречување на опасни инциденти. Напротив, воената инфраструктура на Алијансата се приближува до границите на Русија. Се враќа страшното сценарио за воена конфронтација“, изјави Лавров на седницата на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ.

Тој исто така додаде дека наскоро на територијата на Европа може да се појават американски ракети со среден дострел.
Лавров предупреди дека категорично се неприфатливи обидите соседните земји да се претворат во отскочна даска за конфронтација со Русија, како и распоредувањето на силите на НАТО во непосредна близина на областите од стратешко значење за безбедноста на Русија.

Слични содржини