Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално

од Nikola Popovski

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, како и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија.

„Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги“, рекол Лавров на прес-конференција во Москва, пренесува агенцијата РИА Новости.

На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија.

Слични содржини