Лавров: Руски експерти не пронајдоа траги за хемиски напад во сирискиот град Дума

од Vladimir Zorba

  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека руски експерти не пронашле траги од хемиски напад во сирискиот град Дума. Изјавата ја даде откако голем број држави обвинија за наводен хемиски напад во тој град што е под контрола на бунтовниците во Сирија.

– Нашите воени експерти го посетија местото…и не нејадоа никакви траги од хлорин или која било друга хемиска супстанца што е користена против цивили, изјави Лавров.

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди вчера наводниот хемиски напад во Сирија и наведе дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе плати „висока цена“ за тоа.

Трамп додаде дека „во безумниот хемиски напад“ има многу загинати, вклучувајќи жени и деца.

Најмалку 70 лица се убиени во наводен напад со хемиско оружје на градот кој е под контрола на бунтовниците во Сирија, Дума, соопштија вчера спасувачки организации и лекари, додека сириската Влада наводите за овој напад ги нарече „измислици“, јави Би-Би-Си.

Други светски агенции јавија дека боројот на загинати е околу 40 жртви.

Би-Би-Си нагласува дека за сега никој независно не ги потврдил наводите за напад со хемиско оружје.

Слични содржини