Лазаров ги избриша оправдувањата за подкастот со Латас, добивал закани

од Radmila Tasevska

По скандалозното видео во кое Драган Павловиќ-Латас како гостин во интервјуто на Стефан Лазаров, раскажува како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил „Фичо“, се огласи јутјуберот.

Лазаров на својот фејсбук- профил, реагира дека „живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но да прифати дека е подржувач на силување нема никогаш“.

-Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години, пишува во објавата на јутјуберот.

Лазаров на социјалната мрежа Инстаграм, напиша дека„ нема да го уништат и дека нашиот народ е најлесен да го потикнеш да вреѓа по коментари“.

По неколку саати јутјуберот ја избриша својата објава на фејсбук-профилот со образложение дека нема да дозволи навреди и говор на омраза да има на неговите профили на било која социјална мрежа.

-Критики да, ама да ми посакувате да ми умре семејството нема да оставам да се чита, напиша тој на социјалната мрежа Инстаграм.

Покрај јутјуберот, на социјалните мрежи со коментар се изјасни и Драган Павловиќ-Латас. Тој напиша дека „никаде и никогаш не постои негова изјава за силување, особено не дека тој присуствувал“.

 

Слични содржини