Лазаров најави дека ќе замине во пензија!

од Nikola Popovski

Најдобриот наш ракометар и еден од најдобрите македонски спортисти во историјата, Кире Лазаров објави дека следната сезона во Нант ќе биде неговата последна како играч.

„Тоа ќе биде моја последна сезона, сигурно е тоа, донесов одлука“, вели Лазаров во интервјуто за официјалната веб-страна на Нант.

„Ако почнете да броите, ќе сфатите дека се огромен број години, но најважно е тоа што се чувствувам добро, телото одлично одговара и немам никаква болка. Секогаш се обидував да бидам голем професионалец, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам како што треба, во одлична форма“, додал тој.

Лазаров треба да ја заврши кариерата во Нант во јуни 2022 година, на 42-годишна возраст.

Паралелно со професионалната кариера како играч, Лазаров ја извршува и селекторската функција во македонската репрезентација.

Слични содржини