Лазаров: Сега не е време за пензија и простување, најважно е што Македонија ќе игра на СП

од Берта Китинска

Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25.

Селекторот Кире Лазаров не го криеше своето задоволство по победата над Чешка во баражот за пласман на Светското првенство, истакнувајќи дека му е драго што овие млади момци повторно ќе играат на еден Мундијал.

„Реков дека сега не е време за пензија и простување, најважно е што Македонија ќе игра на СП. Ако сега се случеше простувањето, ова ќе беше дополнителен притисок и за мене и за играчите. Ќе имаме време за простувње. Мораме во тешки моменти да дадеме поддршка. Градиме нова репрезентацијата бидејќи народот и Македонија ја сакаат и почитуваат оваа ракометна селекција. Многу е веројатно, 90%, дека во тренерка ќе ме гледате на следното СП. Ја продолжив кариерата за една година поради Македонија. Моето искуство и искуството на Миркуловски придонесоа ние да играме уште едно СП. Ми беше тешко што не успеав да помогнам на ЕП, но се вратив за да избориме место на Мундијалот“, истакна Лазаров.

Слични содржини