Лажел дека е доктор и наплаќал по 6.000 денари за ,,лекови” против секакви болести

од Nikola Popovski

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(46) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Тој се сомничи дека од 2015 до 2019 година, со цел да земе пари, без стручна подготовка од надлежен државен орган продавал лекарства за кои наплаќал по 5.000-6.000 денари.

На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело за кое се сомничи.

Слични содржини