Лажна детекција: Денес не е забележан земјотрес во Подгорица

од Nikola Popovski

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави, по денешната објава дека во близина на Подгорица се случил земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, дека станува збор за лажна автоматска детекција.

Ова за црногорските медиуми го потврди Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, со образложение дека конфузијата е предизвикана од софтвер кој ја зголемил магнитудата.

ЕМСЦ претходно објави дека земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја погоди Црна Гора.

Слични содржини