Лажна е веста за името на државава напишано на визит картата на градоначалничката на Битола

од Vladimir Zorba

Општина Битола најостро ги осуди манипулациите со визит картата на градоначалничката Наташа Петровска.

„Ги замолуваме медиумите кои веќе ја објавиле визит картата да ја демантираат веста и да ја објават реакцијата на општината и сликата со реалната визит карта“, велат од општината.

Лажната вест ја објави „Офф.нет“, близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие објавија фотошопирана фотографија во која е напишано „Republic North of Macedonia“, а згрешен е и зборот „општина“ – наместо
„municipality“, пишува „mynicipality“…

Слични содржини