Лажни се заканите за експлозивни направи во училиштата и Народната банка

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Денешната закана за бомба во Народната банка се случува по првпат во една државна установа.

Првите лажни дојави се појавија на 26-ти октомври кога во посета на земјава беше шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Слични содржини