Лажни закани за можен терористички напад во трговски центар во Скопје

од Берта Китинска

По објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност, соопштија од МВР.

Оттаму додаваат дека преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа.

-Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје.При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, информираат од МВР.

Слични содржини