„Лажно ме прикажуваа како силувач. Избезумен и депресивeн сум, а исто така се плашам дека некој ќе и наштети на мојата сопруга“

од Destan Jonuzi

Американскиот музичар Мерлин Менсон (53), пет пати номиниран за наградата Греми, тврди дека кариерата му пропаднала и се жали дека и понатаму добива смртни закани откако минатата година 15 жени го обвинија за сексуална злоупотреба.

– Интернет смртните закани ме прават вознемирен, избезумен, депресивен, загрижен и ненаспиен. Дополнително, загрижен сум дека некој ќе и наштети на мојата сопруга Линдзи Усич, откриваат новите правни документи.

Мерилин потврди дека неговата издавачка куќа и агенција ја откажале неговата соработка поради споменатите обвинувања, а во меѓувреме бил исклучен од сите холивудски социјални и деловни собири. Тврди и дека неговата музика „страда“, не може да оди на турнеи, не може ни да ја објавува книгата, неговите слики, вели, се „девалвирани“, а уметничките изложби му се одложуваат на неодредено време.

-Лажно ме прикажуваа како силувач и насилник, поради што изгубив две актерски улоги во ТВ сериите „American Gods“ и „The Stand“ – се жали рокерот кој од март нема објавено ништо на социјалните мрежи и неговите настапи во живо.

Да потсетиме, во февруари 2021 година, поранешната свршеница Еван Рејчел Вуд (35) го обвини за емоционално, физичко и сексуално злоставување за време на нивната седуммесечна врска, пишува Дејли Мејл.

Менсон потоа ја тужеше за клевета, намерно нанесување емоционална вознемиреност и наводно прекршување на Законот за сеопфатен пристап до компјутерски информации и измама во Калифорнија.

Вуд имаше само 18 години кога започна романса со Менсон во јануари 2007 година. Тој го финализираше својот развод со бурлеската танчерка Дита фон Тиз (50), само 13 дена порано.

Четири други жени – неговата поранешна асистентка Ешли Волтерс, манекенката Ешли Смитлајн, актерката од „Игра на тронови“ Есме Бјанко и уште една анонимна жена – поднесоа граѓански тужби против музичарот. Тужбата на Ешли Волтерс беше отфрлена во мај оваа година, наводно поради застареност.

Слични содржини